ВИДЕО: Рики Мартин ја откри својата дневна рутина за нега на кожа и ментално здравје

рики мартин
Фото: Instagram

Рики Мартин неодамна откри за „Vogue“ која е неговата дневна рутина за нега на кожа. 49-годишниот крал на латинската поп музика вели дека денот го започнува со микс од лимон, мед, црвен кромид и лук за зајакнување на имунинтетот и сака да ужива во малку тишина.

Долги години… бев толку преоптоварен со она што се случуваше во мојот живот“, вели тој, истакнувајќи дека конечно медитацијата, која ја открил за време на патувањето во Индија пред многу години, го спасила.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ricky Martin (@ricky_martin)

Сега, дури и со четири деца дома, како што вели, сè уште успева да најде време за себе и да се грижи за своето здравје.

„Посакувам да можам да бидам во лотос позиција три часа дневно“, вели тој за неговата секојдневна рутина. „Но, 15, 20 минути, половина час… тоа навистина прави разлика“, открива пејачот.

Мартин откри дека користи колаген за неговото лице. „Се работи за љубов кон себе. Секси е да се грижиш за себе. Нели?“, вели ѕвездата.

„Кога ќе влезете во пубертет… вашата кожа полудува и ако додадете шминка на таа равенка, тоа е навистина ужасно, така што навистина имав многу проблеми. На крајот, морав да почнам да се грижам за себе“, објаснува Мартин.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ricky Martin (@ricky_martin)

Сега, секојдневно користи алкална вода, подлошки за очи, антиоксидантна хидратантна крема и коцки мраз за подобра циркулација.

„Денес, јас само разговарав со вас за работите што ги правам – мали детали – што ме прават да се чувствувам подобро во врска со тоа што сум, така што треба да се грижите за себе… Ако се грижите прво за себе, тогаш можете да се грижите за останатите. Ова е многу едноставно: прво вие“, посочи Рики Мартин.

Рики Мартин на насловната на „People“ магазин: Јас сум човек без тајни

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот