ВИДЕО: Резервните офицери слават 70 годишен јубилеј

На 29 април Организацијата на резервни офицери на Македонија слави 70 годишен јубилеј. Претседателот на Организацијата, Гоце Георгиев денеска во Утрински брифинг потсети на важноста на резервните офицери и нивното надополнување на АРМ.

– Одбележувањето на јубилејот ќе биде во Домот на АРМ во 19 часот а најавено е присуство на претседателите на државата и на Владата, министерот за одбрана и други. Нашето постоење како организација од неодамна е потврдено и со приемот во ЦИОР- Меѓусојузничка конфедерација на резервни офицери на земјите членки на НАТО. ЦИОР ги претставува интересите на околу еден милион резервни офицери од 36 нации од кои 27 се земји членки на НАТО. Со приемот во ЦИОР минатата година,го поставивме и последното камче во мозаикот  наречен НАТО, нагласи Георггиев.

Целиот разговор погледнето го од видеото во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот