ВИДЕО | Реткост на Балканот: Партизан доживотно казни навивач и ќе го тужи

Фото: KK Partizan Mozzart Bet/Тwiiter

Кошаркарскиот клуб Партизан ја извести јавноста дека е отворена постапка против еден навивач поради непримерно однесување во текот на натпреварот на црно-белите и Басконија одигран во Белград.

„КК Партизан отвори постапка против лицето С.Г кој на натпреварот на Партизан – Басконија го плукна судијата како што може да се види на снимките. На лицето С.Г доживотно му се забранува влегување во салата секогаш кога Партизан е домаќин“

„Како што може да се види на снимката С.Г без да биде предизвикан при убедливо водство на Партизан и без сомневање во било која одлука на арбитрот го направи ова дело“, стои во клупското соопштение.

Исто така Партизан судски ќе побара лицето да ја плати казната од 5.000 евра која Евролигата ја изрече на клубот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот