ВИДЕО | Ретка снимка од Тома Здравковиќ и неговата сакана Силвана: Насмевки и среќа, настан кој се раскажува со генерации

Силвана Арменулиќ Тома Здравковиќ
Силвана Арменулиќ и Тома Здравковиќ / Фото: Принтскрин Јутјуб

Импресиите од филмот за легендарниот Тома Здравковиќ не стивнуваат. И се чини дека трогателната приказна за животот на Здравковиќ повторно ги заживее неговите бројни хитови ширум поранешна Југославија.

Која е Силвана Арменулиќ, љубовта на Здравковиќ во филмот „Тома“?

На јутјуб-каналот „Моје Браничево“ е објавена ретко снимка на популарните пејачи Тома Здравковиќ и Силвана Арменулиќ од 1972 година.

ФОТО | Мистеријата околу смртта на Силвана Арменулиќ: Да не беше таа, немаше да го има ниту Тома Здравковиќ

Споменатото видео ја прикажува Силвана Арменулиќ во друштво на Тома Здравковиќ и Бора Дрљача на свечен дочек. Во тоа време, Тома и Бора биле во најдобрите времиња од нивните музички кариери. Силвана била на врвот на својата слава.

Пејачката група била срдечно пречекана од домаќините, а доказ за тоа е интересната ретро фотографија на која јадат печени кокошки. Немале ниту нож ниту вилушка бидејќи било послатко да се јаде со раце како вистински гурмани.

Настан кој се прераскажува со генерации

Мештаните на Браничево во близина на градот Пожаревац, Србија биле домаќини на ѕвездите на народната музика тој ладен февруарски ден во раните седумдесетти. Селото го посетиле Силвана Арменулиќ, Тома Здравковиќ, Бора Дрљача и други изведувачи во рамките на манифестацијата, „Караван на вечерни вести“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот