ВИДЕО: Рестораните за свадби за денес најавија нов протест, од среда ќе протестираат пред Влада

Скопје, Општина Автокоманда, 19 февруари 2021 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Иницијативниот одбор за протест на рестораните кои работат организиани прослави, заедно со ноќните клубови, музичарите и фото студијата најавува нов протест кој е закажан за денеска во 15 часот. Протестот ќе трае два часа а ќе се одржи на истото место – во Автокоманда.

– По петочниот протест не добивме никаков повик ниту покана да разговараме со надлежните и да најдеме решение за нашите барања. Една година сме без работа, немаме начин да работиме ниту според веќе донесените протоколи кои важат за а ла карт ресторани. Станува збор за протест од егзистенционално значење токму за овој вид на дејности, и затоа ќе продолжиме да протестираме се додека не ни бидат исполнети барањата. Од среда протестот ќе се одвива пред Влада, рече Марија Синадиновска Арсовска.

Таа потсетува дека имаат четири барања. Дел од барањата се да се укине членот 14 од Уредбата со која се забранува организирање на секаков вид настани, и да се овозможи работа на рестораните според веќе важечките протоколи за а ла карт рестораните, да се изработи протокол за организирање на свадби.

– Протестите не ги организираме за да бидеме опфатени во пакетот на мерки на Владата на Македонија, бидејќи бевме опфатени во сите пакети, но таа финансиска помош е многу мала за нас бидејќи имаме големи трошоци. Покриени се само трошоците за плата и придонеси, но режиските трошоци останува сами да ги сервисираме. Грантот кој го добивме во висина од 10.000 евра е само два посто од вкупниот прикажан промет за минатата година. Нагласувам дека ние имаме забрана за вршење на дејност, а добиваме само парцијална помош. Влегуваме во зона на неликвидност и не верувам дека ќе можеме да излеземе од кризата доколку не добиеме протокол за отпочнување со работа, нагласува Арсовска.

Таа уверува дека отворањето на рестораните за свадби нема да придонесе во зголемување на бројот на заболени од коронавирус.

– Нашите сали се многу големи од 500 до 1000 м2, има можност да се направи распоред за седење со дистанца, на една маса ќе се сместуваат луѓе од исто семејство или канцеларија, а ќе бидат подигнати и санитарно хигиенските мерки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот