ВИДЕО | Решат Амети: Уметникот мора да биде веродостоен, инаку не е уметник туку плагијатор

Ретроспективната изложба „30 години уметност“ на академскиот сликар Решат Амети е поставена во објектот Даут-пашин амам при Националната галерија на РСМ. -Мојата уметност е повеќе еволутивна, моите трансформации се постапни, повеќе сакам сликата да се движи и да расте заедно со мене, без да наметнувам некои интелектуални, филозофски теми со дух на спонтаност и тоа што го носиш во себе без да го маскираш и китиш со филозофски и естетски елементи, едноставно да зборуваш преку формата и бојата, вели тој.
Првите мои циклуси беа лирска геометрија, така ги нарекоа ликовните критичари, а јас сакав да направам симбиоза помеѓу човекот и природата. Потоа, оттаму произлезе циклусот посветен на традицијата, тој дојде спонтано без претходен филозофски концепт. Се инспирирав од балканскиот фолклор: албанскиот, македонскиот кои имаат сличности поради просторот, митологијата, начинот на живеење. Фолклорот е една експлозија на бои но не го имитирав, туку ја зедов енергијата на таа визуелна вредност.
-Како растев така постапно растеше и мојата ликовна идеја, вели Решат Амети за Утрински брифинг. Тој додава дека само во уметноста може да се биде искрен до крај. -Талентот не го дава ниту ликовната академија, ниту институциите, ниту државата и треба да се почитува тоа и да се идентификува со таа голема сила и да се надоградува. Уметникот треба да е веродостоен и никако не смее да стане мимикрија на некоја друга вредност, на пример на европската култура.
-Често за да бидеме успешни, проевропски, светски, стануваме плагијатори, имитатори а не го произведуваме она што е наше, вели Амети. Јубилејната изложба на Решат Амети може да се посети до 29 ноември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот