ВИДЕО | Ременски: Имаме системски скандал – институционализирани форми на организиран криминал и злоупотреба на биометриските податоци

Анализирајќи го целиот овој системски скандал, афера е премал збор, дури јас мислам дека станува збор за институционализирани форми на организиран криминал, институционализиран организиран криминал, не можам да се согласам дека ова ниво на приведени лица и од јавно достапните информации кои што ги има како течела истрагата, кога почнала, до кои лица – единствено фокусот може да се стави на управно-надзорните служби при МВР, изјави во Утрински брифинг професор Фросина Ременски.

-Прилично нелогично е во февруари 2019 година по информација од МВР, Обвинителството за организиран криминал и корупција да отвори истрага и да ја водат двајца инспектори кои што применуваат елементарно ниво на овластувања без да бидат применети формите на истражни мерки што му стојат на располагање и биле должни во ваков софистициран вид на криминал да ги примени ЈО за гонење на организиран криминал. Во таа една година скоро и ништо да не се кажа што е сработено, кои мерки се примениети, против кои лица, затоа што и мерките доколку е посебни истражни мерки, а за ова дело морало да има такви мерки. Замислете кој е најголемиот апсурд со кој што не се согласувам – ако станува збор за истражување на криминал во рамките на МВР, сторен од полициски служебеници, овластени служебни лица, не можело да се спушти и месната и стварната надлежност од организиран криминал на скопско јавно обвинителство. Зошто? Затоа што во рамките на организиран криминал постои одделение за гонење на кривични дела сторени од овластени службени лица и полициски службеници и затврска полиција. Таму раководи Гордана Смаќовска. Ако во изминатиот период имам право и докази да кажам дека тоа одделение е најголем прикривач на организираните форми на криминал кои се случуват во рамките на МВР и сторени од овластени лица и фунцкионери во рамките на министерството, можам слободно да кажам дека ова е една форма на тивка саботажа на самата истрага или пак оневозможување за примена на вистинските механизми за откривање на овој криминал. Не мислам дека се работи за погрешна проценка туку за намера. Дополнително е индикативно зошто МВР односно секторот за внатрешна контрола не отворила внатрешна истрага после оваа информација до јавното обвинителство, затоа што станува збор не за фалсификување, туку за крадење на идентитет за изготвување на оригинална патна исправа, вели Ременски.

Јас не велам дека нема посредник, може има и повеќе посредници и прашање кои биле тие. Малку е нелогично посредникот за кој е издадена потерница да се каже дека се гони за злоупотреба на службена положба и овластување, иако тој не е службено лице. Скопското јавно обвинителство кога го презема случајот применува елементарни мерки за дознавање на дејствијата на осомничените. Од она што е извор во истрагата се кажува дека физички се следени и им се се озвучени канцелариите, што не значи дека биле следелени надвор од работното време, за кое што можеби постоело дејствија. Она што мене ми недостасува, а сметам дека е клучно и во истрагата и за сите заинтересирани е испуштање на еден цел ланец во фазата и постапката за издавање на бикметриска патна исправа – а тоа е процесот на персонализација кој што доаѓа веднаш после контролните механизми за проверка на вистиноста на податоците. Персонализација е најважниот процес во издавањето на биометриската патна исправа. Тие кои пристапуват кон персоналиција имаат најголема контролна обврска – внесениот дигитален податок, отисок, фотографија, мора да го пребараат по принципот еден на еден, или еден на сите во централната база на податоци за да проверат дали постои веќе таков отисок, фотографија или електронски попис. Зошто? За да можат да кажат, да, овој отисок е на тој и тој. Оваа фаза не може да се скокне и мислам дека и лицата во персонализацијата, во сектор за информатика и комуникации – отсек за перзонализација на документи можеби имаат најсериозна одговорност во целата работа. Фалсификувањето е прво направено кај личните карти на веќе постоечки идентитети. Не може да се извади пасош без лична карта. Ако се сеќавате 2015 година беше откриена аферата 30.000 неподигнати лични карти најдени во депото на МВР. Претпоставувам дека тоа се личните карти кои се изготвувани за жителите на Гора, Пустец и Мала Преспа во онаа фаза на гласање за локалните избори. Повторно е ист модус операнди. И овдека се псомнуиваат мобилните биометриски станици. Мојата теорија е следна – тие луѓе кои што дошле да гласаат гласале и заминале, но личните карти некои не ги подигнале, а оставиле податоци за подигнување на личните карти. Со мобилни биометриски станици тоа е направено. И ако таа лична карта стои во Министерството, многу е лесно за оие фалсификатори, оваа мрежа да ги искористат податоците и да ги персонализираат, вели Ременски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот