-8 C
Скопје

ВИДЕО | РЕК Битола до 2040 ќе се затвора – Бугарија не одговори дали ја сака Македонија во Белене

Производството на електрична енергија и снабдувањето е стабилно, а проблемите што ги имаше летово, кога се попалви рудникот Суводол од каде се црпи јагленот се надминати, вели Васко Ковачевски, директор на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) кое стопанисува со речсиси сите домашни енергетски капацитети.

Во интервјуто за „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ, тој објасни дека РЕК Битола постепено ќе се затвора, а во меѓувреме ќе се создаваат нови домашни енергетски капацитети. Планот е со завршувањето на грејната сезона 2025/ 2026 година да престане да работи првиот блок на РЕК Битола, потоа со завршувањето на сезоната 2031/2032 да се затвори вториот блок,  и последниот- трети блок, да престане да работи со звршувањето на грејната сезона 2039/2040 година, со што РЕК Битола целосно би се исклучил од енергетскиот систем.

– Стабилноста на енергтескиот систем, значи стабилност и на економијата и нашето општествено живеење. Владата даде значително место на енергетските проекти вклучувајчи проекти што значат алтернативни извори на енергија. ЕУ даде позитивни коментари за Законот за енергетика како и за трансформациите што почнавме да ги правиме, на пример трансформирањето во Осломеј од енергија од јаглен во енергија од сонце. Поекономично производство значи поголем профит, но она што е најзначајно и енергија која не загдува – вели Ковачевски.

Прочитајте и...  ПЕТКОВИЌ ЗА ИЗЈАВАТА НА ХАРАДИНАЈ: Белград нема да наседне на заканите на Приштина!

Битолчани се поблику до парно греење

Тој објасни дека процесот на затворање на блоковите во РЕК Битола ќе оди постепено со зголемување на хидропотенцијалот, со дополнителни инвестиции во ветерници, така што во Богданци од сегашните 36 ветерници ќе стигне до 50, а ќе има и нов парк на ветерници кај гевгелиско Миравци. Но, како што нагласи, затворањето на РЕК Битола нема да биде само од еколошки причини, туку и поради фактот дека се исцрпуваат наоѓалиштата за јаглен.

– Кога ќе се затвори првиот блок на РЕК Битоа, треба да биде готова гасна централа со јачина од 250 мегавати, што ќе го замени производството од првиот блок. Истовремено, тоа ќе биде и комбинирана централа што ќе произведува топлинска енергија која ќе се спроведува преку топловод од РЕК Битола, преку општините Новаци и Могила до Битола, Проектот ќе се работи со кредит од германската КФГ банка, а во февруари-март треба да се избере фирма што ќе го изведе прокетот – вели Ковачевски.

Тој најави дека капиталниот ремонт што сега се прави на третиот блок треба да заврши до 15-ти декември , објаснувајчи дека РЕК Битола се уште е нашиот најзначаен енергетски капацитет од кој се добива околу 60 отсто од домашното производтво на струја.

Прочитајте и...  ФОТО | Три девојки и три момчиња се фрлија по Светиот крст во Земун: Од ладниот Дунав до крстот прва стигна Ања

За бугарската централа добивме покана, но не и одговор

Во однос на тоа, дали Македонија има јасна перцепција за својот енергетски потенцијал, со оглед на тоа што прво беше ориентирана кон учество во изградбата на бугарската нуклеарна централа Белене, а сега се форсираат изјави за учество во изградба на гасна централа во Грција, Ковачевски вели дека Македонија не се откажала од бугарската нуклеарна централа.

Времено се откажуваме, или ги ставаме во мирување активностите за инвестицијата во нуклеарната електрана Белене во Република Бугарија и ја разгледуваме можноста за инвестиција на енергетски производствен капацитет во близина на Александопулос каде ќе има и гасен терминал. Ние минатата година почнавме разговри со бугарската влада за заедничка инвестиција во Белене. Добивме покана за учество и во август 2019 одговоривме позитивно,  но оттогаш до денес не добивме никаква документација ниту знаеме до каде е проектот. Во енергетиката не треба да се размислува од денес за утре, туку од денес за по три, пет, десет или дваесет години. Затоа ние кажавме дека во овој момент ќе се насочиме кон инвестиции во други капацитети во државата и евентуално ако има можност надвор од државата, а во мометот кога ќе ја добиеме анализата и сите потребни документи за нуклеарната електрана Белене, секако дека повторно ќе се активираме и ќе се вклучиме доколку оцениме дека како држава имаме економски и стратешки интерес – вели Ковачевски.

Прочитајте и...  ХОРОР ВО ХРВАТСКА: Монструми опиле и силувале девојка која завршила во болница

Охридското Езеро го користиме во рамките на дозволеното

Во однос на обвинувањата дека нивото на Охридското езеро се намалило поради претерана експлоатација од страна на ЕСМ, Ковачевски одговори дека тие постапувале во рамките на дозволеното.

– Нашето производство е во рамките на предвиденото и дозволата за експлоатација на езерото. Ние мораме да го користиме Охридското езеро, тоа е дел од нашиот хидроенергетски систем, за нашиот прозводствен погон на Црн Дрим. Со испуштањето на дел од водата на Охридското езеро ние произведуваме енергија, но и го задржуваме биодивирзитетот во реката Црн Дрим, што значи дека ние произведуваме онолку колку што можеме, односно колку што дозволува хидрологијата. Во овој момент истекот во Црн Дрим е само 2 метри во кубици, односно под минимум што можеме да го користиме како енергија. Но, треба да кажеме и дека и нашата хидролошка состојба донесе до намалување на нивото на вода во Охридското Езеро, како што тоа се случи и во Преспанското – изјави Ковачевски.

Целиот разговор за перспективите за енергетската програма до 2040 година со генералниот директор на АД ЕСМ погледнете го во видеото.

Поврзани вести

ВИДЕО | Последен говор на Трамп: Не го спомена Бајден, ама нагласи дека е прв претседател кој не почнал војна

Слободен печат

ВИДЕО | Бајден не можеше да ги скрие солзите пред своите сограѓани: Извинете за емоциите, сакам само покојниот син да беше тука

Слободен печат

Ердоган најави радикални реформи во економијата и судството

Слободен печат

Усвоен планот за распределба на административните службеници во земјава

Слободен печат

Помпео: Мултикултурализмот не е својствен за Америка

Слободен печат

Јанша: Вакцинација на 70 отсто од населението во Словенија до почетокот на летото

Слободен печат

Остави Коментар