ВИДЕО | Реџепи од БЕСА: Во Чаир СДСМ не нѐ поддржа, во Тетово ќе треба!

Кастриот Реџепи
Кастриот Реџепи, БЕСА / Утрински брифинг

Јас сум актуелен пратеник во Собранието, и во време на селектирање на кандидат за Чаир им укажував на моите колеги да одиме со некоја друга комбинација. Но треба храброст и одговорност да се излезе на избори, но и на некој начин жртвување. Тоа јас го сторив на барање на структурите во партијата, но и на голем број на граѓани, изјави во Утрински брифинг Кастриот Реџепи потпретседател на движењето БЕСА.

-Ја прифатив накдидатурата. Резултатот не е задоволувачки. Анализираме, бидејќи во ниедна проекција бројката на гласови не излегуваше. Симптоматично е дека бројот на гласовите на кандидати на листата се исти , што значи дека немаме добиено ниту еден глас од ниту една политичка партија. Така што интресен е моментот дали некоја од партиите ги усмерила кон друг кандидат, вели Реџепи.

-Тетово е бастион на БЕСА. Кандидатурата на Касами предизвика заинтересираност и граѓаните дадоа поддршка за нашата опција. Според анкетата на ИРИ, 82 проценти изразија незадоволство од работата на актуелната градоначалничка и очекуваме победа во вториот круг, вели за Утрински брифинг Кастриот Реџепи од БЕСА. Гласачите на СДСМ не треба да имаат дилема на кого ќе ја дадат поддршката во вториот круг од локалните избори во Тетово

Целиот разговор погледнете го во видето

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот