ВИДЕО | Речица: Сè додека не креираме квалитетно образование ќе има граѓани кои ќе веруваат во небулозни конспиративни теории

Влора Речица, раководителка на центар и истражувачка во Институтот за демократија „Социетас цивилис“ /Фото: Слободен печат

Истражувањето на јавно мислење „Човек од народот: Анализа на јавното мислење за политичките барања на граѓаните“ спроведено од Институт за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС)  открива што точно е популистичката побарувачка во нашатата држава, зошто граѓаните имаа побарувачка за популистички лидери, објаснува за Утрински брифинг Влора Речицa, ИДСЦС Социетас Цивилис.

– Се обидовме да провериме четири карактеристики. Прво се обидовме да ја провериме недовербата кон политички и економските елити. Се обидовме да ја провериме идејата дека народот е морално супериорен од елититите, за нагласената недоверба во демократските институции и на крај се обидовме да го разбереме тој мајнд сет на ние наспроти нив, рече Речица.

Во истражувањето е направен експеримент и пред испитаниците се претставени две измислени биографии на двајца политичари. Едниот има крактеристики на популист, другиот има политичка кариера.

-Едниот политичар е од кариера кој веќе имал државни функции и кој исто така бил дел од политичката сцена, вториот кандидат или човекот од народот е човек речиси анонимен за јавноста, но станува славен преку политиките што ги промовира во оваа трка за власт. Две петини или околу 40 проценти од граѓаните го преферираат вториот кандидат, човек од народот, кој основал своја партија и до момент на избори не извршувал никаква функција, рече Речица.

Таа смета дека на граѓаните им се потребни транспарентни институции, кои ќе бидат отчетни, а на младите квалитетно образование и медиумска писменост за да нема толкав голем процент на граѓани кои ќе веруваат во небулозни конспиративни теории:

-Имаме нарушено образование и образовен систем, учениците не ги учиме на критичко мислење, а од друга страна се појавија социјалните мрежи со премногу информации и ако не работиме на медиумска писменост и не ги научиме граѓаните критички да ги филтрираат овие голем број информации ќе имаме ваков огромен процент на граѓани кои веруваат во теории на заговор. Се додека не креираме квалитетно образование граѓаните ќе веруваат во небулозни конспиративни теории, вели Речица.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот