ВИДЕО | Рецепт за печен спанаќ од Џејми Оливер, кремаст и крцав

Фото: Профимедиа/ Принтскрин/ Jamieoliver.com

Славниот британски готвач Џејми Оливер на својот канал на Јутјуб споделува едноставни рецепти кои им успеваат дури и на почетници, но исто така, открива и некои кулинарски трикови. Ова е рецепт за спанаќ, едноставен прилог кој многу луѓе го сакаат.

Македонците го подготвуваат така што го варат и го пропржуваат со брашно, обично во комбинација со ориз, и отпосле го печат во рерна, а Џејми открил како да го направи уште повкусен. Познатиот готвач го пече со овесни снегулки, брашно, сирење и путер и на тој начин на кремастиот спанаќ му прави прекрасна, крцкава и златна кора. А, ако додадете морско оревче, оригано и лук додека подготвувате кој било зелен зеленчук, ќе биде уште поубав од вообичаеното.

Состојки:

– 500 грама замрзнат спанаќ
– 1 кромид
– 2 чешниња лук
– малку морско оревче
– 1 лажичка оригано
– 3 лажици крем сирење

Дополнителни состојки:

– 50 грама овесни снегулки
– 50 грама брашно
– 50 грама тврдо сирење по избор
– 50 грама путер

Подготовка:

Во загреана тава со малку маслиново масло пропржете тенко исечен лук со оригано и морско оревче. Потоа, додадете го исечканиот кромид, па измешајте. Кога ќе омекне, посолете и побиберете, па додадете го спанаќот.

Во блендер додадете ги овесните снегулки, брашното, сирењето и путерот. Убаво изблендирајте за да се соединат состојките. Потоа, извадете ја добиената смеса, па во празниот блендер додадете го спанаќот од тавата. Додадете крем сирење и добро измиксајте. Сипете го спанаќот во тавата, па одозгора посипете ја смесата со овесните снегулки што сте ја изблендирале и лесно притиснете.

Печете во загреана рерна на 180 степени околу 40 минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот