ВИДЕО | Рецепт за гастрономско уживање од Дијана Иваноска: Германска палачинка

Фото: Приватна архива

Дијана Иваноска со својот талент за комбинација на вкусови нè носи на едно исклучително гастрономско патување. Иваноска стои зад инстаграм-профилот „Dash of Spice“ и ни ги открива малите тајни за создавање магија од вкусови. Своите рецепти почнала да ги споделува со своите следбеници и пријатели од почетокот на пандемијата.

„Го сакам секој дел од процесот, но најмногу уживам во фотографирањето на храната“, ни открива Дијана.

Инвентивната Дијана денеска споделува рецепт за едно уникатно гастрономско уживање – германска палачинка.

„Еден од првите рецепти што воопшто сум го направила беше оваа, јас ја викав голема палачинка за подоцна да откријам дека се вика „dutch baby pancake“ или германска палачинка. Разликата со другите палачинки е што се пече во рерна и со самото тоа се добива сосема друг вкус. Може да ја комбинирате со што било, солено или благо, бидејќи самата палачинка е неутрална. Оваа количина одговара на тавче со димензии 30 со 40 см. Јас ја поделив смесата на две помали округли тавчиња“, објаснува Дијана.

Состојки за палачинката:

– 120 грама брашно
– 250 милилитри млеко
– 2 јајца
– прстофат сол

20-30 грама путер за тавчето

Подготовка:

*Загрејте ја рерната на температура од 220 степени Целзиусови.
*Внатре нека стои празно тавчето во кое ќе ја печете.
*Состојките за тесто измешајте ги убаво.
*Извадете ја тавата од рерна, ставете го путерот и распоредете го по тавата.
*Истурете ја смесата рамномерно.
*Печете околу 15-20 минути, во зависност од вашата рерна.
Треба да порумени по краевите.
Комбинирајте со што сакате.
Јас употребив грчки јогурт засладен со малку мед и свежи јагоди.

Уживајте!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dash of Spice (@dashofspicee)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот