
ВИДЕО | Рецепт за чоколаден колач со боровинки: Сласно и освежително!
Чоколадниот колач со боровинки ќе ви ги разбуди сите сетила.
Препорачано
Состојки:
За чоколадниот дел:
– 3 јајца
– половина шолја маслиново масло
– 1 шолја шеќер
– 1 и пол шолја брашно
– 1 прашок за печиво
– половина шолја какао во прав
– 1 шолја топло млеко
Фил од боровинки:
– 200 грама боровинки, свежи или замрзнати
– половина шолја шеќер
– сок од половина лимон
– 400 мл слатка павлака
Подготовка:
Чоколадните колачи секој ги сака, а доколку им додадете и овошје, ќе добиете совршен деликатес за уживање.
За чоколадниот дел сите состојки се мешаат со миксер додека не се соединат убаво, тестото се префрла во сад за печење и се пече на 175 степени околу 30 минути.
Подгответе ги боровинките така што ќе ги соедините шеќерот, сокот од лимон и боровинките во тенџере и варете на средна температура околу 10 минути. Смесата просејте ја низ ситно сито и оставете да се излади.
За филот со боровинки едноставно изматете 400 мл слатка павлака и измешајте со подготвената смеса од боровинки (оставете две-три лажици од смесата за украсување).
Додајте го филот врз колачот, сипете ја смесата со боровинки и со нож или лажица направете шари. Изладете го колачот еден-два часа, исечете ја и уживајте!
Ако сакате боровинките во вашите колачи да останат рамномерно распоредени и да не потонат на дното во текот на печењето, лесно посипете ги со брашно пред да ги додадете во тестото. Брашното ќе им помогне подобро да се „залепат“ за смесата и ќе спречи да не пропаднат.