ВИДЕО: Реал во финалето на Светското првенство за клубови, против Ал-Хилал за титулата

фото: EPA-EFE/Mohamed Messara

Фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа Ал Ахли од Египет со 4:1 (1:0) и со тоа се пласираа во финалето на Светското клупско првенство. За трофејот светски клупски шампион „кралскиот клуб“ на 11 февруари во Рабат (Мароко) ќе се бори со Ал-Хилал од Саудиска Арабија, кој претходно го победи бразилскиот Фламенго со 3:2.

Играчите на Карло Анчелоти не се мачеа премногу на овој натпревар, но лесно можеа да дојдат до поубедлив триумф откако Лука Модриќ ја пропушти можноста да ја погоди мрежата од белата точка.

Водечкиот гол за Шпанците беше дело на Винисиус Жуниор во 42 минута, а на стартот од вториот дел, во 46 минута Федерико Валверде го зголеми водството.

Ал Ахли не се предаваше, па во 65 минута Али Малуи од пенал намали на 2:1. Но, до крајот не само што не успеаја да израмнат, туку примија уште два гола.

По промашениот пенал на Модриќ во 87 минута, Родриго во 92 минута постигна гол за 3:1 на асистенција на Дани Себаљос. Конечниот резултат го постигна 21-годишниот Серхио Арибас во осмата минута од судиското надополнување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот