ВИДЕО | Реал Сосиедад со голот на Бекер ја совлада Барселона во „Ла Лига“

фото: EPA-EFE/JUAN HERRERO

Фудбалерите на Реал Сосиедад вечерва на свој терен го победија тимот на Барселона со 1:0, во натпреварот од 13 коло во шпанското првенство.

Каталонскиот тим можеше да поведе уште во 13 минута, но голот на Роберт Левандовски беше поништен по реакција од ВАР собата поради офсајд.

Во продолжение од натпреварот, тимот на Сан Себастијан постигна гол кој го постигна Сералдо Бекер во 33 минута.

Еден од најдобрите фудбалери не играше за Барса – Јамал, кој го пропушти натпреварот поради повреда на десниот зглоб.

Барселона ја прекина серијата од четири последователни победи и го забележа вториот пораз во Ла Лига оваа сезона. Каталонскиот тим е на првото место со 33 бодови, додека Реал Сосиедад е осми со 18.

Следува репрезентативна пауза, по која Барселона гостува кај Селта во Виго, а Реал Сосиедад кај Атлетик Билбао.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот