ВИДЕО: Реал Сосиедад го исфрли Атлетико Мадрид од Кралскиот куп

Фудбалерите на Реал Сосиедад пред своите гледачи го совладаа Атлетико Мадрид со 2:0 и обезбедија пласман во четвртфиналето на Кралскиот куп.
Домашните фудбалери носени од навивачите уште на самиот старт имаа две одлични шанси за гол, но тоа што го пропуштија во првите шест минути, го надополнија во 33 минута кога Аднан Јанузај го совлада Јан Облак.
Конечниот резултат беше поставен на почетокот од второто полувреме, во 47 минута кога во листата на стрелци се запиша Сорлот.
Видео на денот