ВИДЕО: Реал со чекор назад, „кралевите“ во финишот избегнаа пораз!

Фото: EPA-EFE/JUANJO MARTIN

Вечерва составот на Зинедин Зидан повторно ги разочара своите навивачи откако на домашен терен одигра само 1:1 против Реал Сосиедад во 25 коло од најсилното шпанско првенство.

На тој начин Реал Мадрид направи чекор назад во трката за шампионската титула, после петтото реми сезонава се наоѓа на третата позиција со 53 бодови, колку што има и Барселона, а водечки е Атлетико Мадрид (58).

Реал Сосиедад и натаму ја одржува борбата за едно од местата кои водат во Лигата на шампионите, моментно петтопласиран со 48 бодови.

Во следното коло Реал го очекува градското дерби против Атлетико кој вчера со 0:2 триумфираше на гости кај Виљареал.

На вечерашната пресметка на стадионот „Алфредо ди Стефано“ поведоа гостите со голот на Порту во 55 минута, а домаќините го избегнаа поразот во самиот финиш преку Јуниор Винисиус (89`).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот