ВИДЕО: Реал само до бод против Осасуна, Бензема не реализираше пенал

Карим Бензема беше трагичарот на „кралевите“ против Осасуна/Мадрид, Шпанија/2 октомври 2022/фото: EPA-EFE/Rodrigo Jimenez

Фудбалерите на Реал Мадрид и Осасуна одиграа 1:1 на „Сантијаго Бернабеу“ и по седмото коло во „Ла Лига“ ниту една екипа во Шпанија нема максимален учинок.

Гостите од Памплона успеаја да ја прекинат победничката серија на актуелниот шампион иако во последните 15 минути имаа играч помалку, а „кралскиот“ клуб во тој период не реализираше пенал и еден гол по проверката на ВАР беше поништен. Реал одигра многу подобро во првото полувреме, а Винисиус Јуниор им донесе водство на домаќините во 42 минута по асистенцијата на Алаба.

Но, на стартот од вториот дел следуваше непријатно изненадување за играчите на Карло Анчелоти. Кике Гарсија постигна гол по асистенцијата од Унаи Гарсија.

Унаи Гарсија кај гостите доби директен црвен картон, а Карим Бензема доби удар од белата точка, но Французинот беше непрецизен. Три минути подоцна Бензема успеа да постигне гол за голема радост на трибините но тој гол беше поништен по асистенција од ВАР собата.

Резултатот не се промени до крајот на мечот, па екипите ги поделија бодовите. Мадридскиот гигант со 19 бодови се изедначи на првото место со Барселона, која има подобра гол-разлика. Осасуна е шестопласирана со 13 бодови, колку што има и Атлетико Мадрид на петтата позиција и седмопласираниот Реал Сосиедад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот