ВИДЕО: Реал најде начин да го пробие „автобусот“ на Хетафе

Фото: EPA-EFE/JuanJo Martin

Реал Мадрид во заостанатиот натпревар во Ла Лига го совлада Хетафе со 2:0.
Гостинскиот тим кој се одлучи за крајно дефанзивна игра, одолеваше на нападите на „кралевите“ се до 60. минута кога Винисиус упати одличен центаршут, а Карим Бензема со глава ја затресе мрежата на Хетафе.
Ова беше четврти гол за Бензема по асистенција на младиот бразилски фудбалер откако го носи дресот на Реал Мадрид.

Само шест минути подоцна Ферлан Менди го постави конечниот резултат по асистенција на Марсело.
Со оваа победа, Реал Мадрид има 46 бода, пет помалку од лидерот Атлетико Мадрид но има и два натпревари повеќе од градскиот ривал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот