ВИДЕО | Реал Мадрид со пресврт го победи Виљареал за четвртфинале во Копа Дел Реј

Фото: Real Madrid C.F/Twitter

Реал Мадрид е последниот четвртфиналист во шпанскиот Копа Дел Реј откако вечерва славеше против Виљареал со 2:3.

Не започна натпреварот добро за тимот на Карло Анчелоти. По само четири минути игра Капуе ја погоди мрежата на Куртоа за водство на „жолтата подморицна“. Нов шок за „кралевите“ стигна пред крајот на полувремето кога Чуквуезе зголеми на 2:0.

Ако во првото полувреме Виљареал беше подобриот тим на теренот, во вториот работите целосно се променија. Реал Мадрид во вторите 45 минути не дозволи ниту еден удар во рамките од голот на Куртоа.

Пресвртот започна во 57. минута кога Винисиус Жуниор намали на 2:1, 12 минути подоцна дефанзивецот Едер Милитао донесе изедначување. За пресврт и победа на Реал Мадрид се погрижи Себаљос во 86. минута.

Претходно денес пласман во четвртфиналето обезбеди и Барселона која без проблеми славеше против нисколигашот Сеута со 0:5.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот