ВИДЕО: Реал ја елиминираше Барса за финале во шпанскиот Суперкуп

Реал Мадрид ќе се бори за 12 трофеј во шпанскиот Суперкуп/ фото: EPA-EFE/Ballesteros

Фудбалерите на Реал Мадрид се пласираа во финалето на шпанскиот Суперкуп откако денеска во Ријад (Саудиска Арабија) после продолженијата со 3:2 ја совладаа Барселона.

Головите за „кралскиот“ клуб ги постигнаа Винисиус Јуниор во 25, Карим Бензема во 72 и Федерико Валверде во 98 минута.

А за каталонскиот гигант стрелци беа Лук де Јонг во 41 и Ансу Фати во 83 минута од средбата.

Реал за трофејот во ова натпреварување ќе игра со победникот од второто полуфинале кое е закажано за в четврток во кое се среќаваат Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао.

Реал Мадрид досега 11 пати во својата историја го има освоено шпанскиот Суперкуп, зад водечката Барса која останува со 13 трофеи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот