ВИДЕО: Реал е минато, Атлетико Мадрид се врати на врвот!

Фото: EPA-EFE/Ballesteros

После поразот во градското дерби од Реал, Атлетико Мадрид им се врати на победите во најсилното шпанско првенство. Денеска „јорганџиите“ лесно го совладаа составот на Елче со конечен резултат 3:1 во рамките на 14 коло.

Екипата на Диего Симеоне повторно е на првата позиција на табелата, има 29 бодови, три повеќе од Сосиедад, со два натпревари помалку.

„Кралевите“ предводени од тренерот Зинедин Зидан се третопласирани во генералниот пласман и меч повеќе од градскиот ривал.

На овој меч Луис Суарез двапати ја погоди мрежата на Елче, додека триумфот го потврди Диего Коста од пенал во финишот. Единственот гол за гостите го реализираше Боје во 64 минута.

Елче не успеа да остане непоразен, а интересно во последните пет дуели ремизираа четирипати и моментно се на 15 позиција со 14 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот