ВИДЕО: Разочаран жител на Петриња си го истури гневот врз Пленковиќ и Милановиќ

За време на посетата на Петриња, државниот врв на Хрватска наиде на гнев кај некои жители на тој град. Тие разочарани тврдат дека овој хрватски округ бил занемаруван една деценија.

Вчера државниот врв на Хрватска ја посети областа која беше погодена од разорниот земјотрес со јачина од 6,3 степени по Рихтер, во кој загинаа седум лица.

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ и хрватскиот претседател Зоран Милановиќ беа во посета на Петриња и неговата околина. За време на нивната обиколка на разурнатиот град еден човек се приближи до Пленковиќ и Милановиќ и почна да им вика. Нивното обезбедување го турнало човекот во обид да го спречи да им пријде. Но тоа, како што се гледа на видеото споделено на Твитер не им успеа.

„Зарем не можеше некој да закова клинец (шајка) за 30 години? Подобро ќе беше да се срушеше и ова што не се сруши. Преполно е со куршуми … “, извика човекот од лутина.

„Никој не рушеше цело време. И сега ги вадам надвор децата, дали е ова нормално?!“.

Додека човекот им викаше пред лицата на Пленковиќ и Милановиќ тие само одеа и не реагираа.

ФОТО | Една фотографија, илјада емоции: Куче во Хрватска сѐ уште ја чува куќата, иако земјотресот ја срамни со земја

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот