ВИДЕО: Разговор со Искра Гешоска за паневропската платформа „Простори на слободата“

Искра Гешоска и Александра Бубевска / Утрински брифинг
Искра Гешоска и Александра Бубевска / Утрински брифинг

Паневропскиот хибриден фестивал „Фреираум“ или „Простори на слободата“ онлајн или со физичко присуство се одржува на 19 и 20 ноември во 19 градови низ Европа.

Во развивањето на оваа платформа учествувале 40 организации од европските држави а темите на кои ќе дискутираат на ова издание се кризата на демократијата и иднината на протестите, новите политички субјекти и движења, уметноста во дигиталната јавна сфера.

„Фестивалот започна во 2017 година и беше под покровителство на Гете институтите во Минхен и Брисел и други градови, но со текот на годините благодарение на колегите од „Арт бокс“од Солун и некои други организации, оваа платформа се осамостои и и се институционализираше и сега е регистрирана во Солун, ние како Контрапункт влеговме во групата основачи, а јас сум претседателка на кураторскиот тим, оваа година учествува и Славчо Димитров.

Ова е еден од ретките примери кога некој проект се осамостојува од првичната чадор организација. За мене тоа е радост не само заради нашата вклученост, туку затоа што денес е реткост да се создаде ваква заедница врз основа на припаѓање, која критички ќе размислува и ќе ја редефинира слободата што е голема одговорност и е прашање кое денес е актуелно повеќе од кога и да е, бидејќи тој простор на слободата бара да се одржува, стратешки да се обмислува и постојано да се преиспитува. Ова е втора конференција што ја организираме, и ќе ги испитува политиките на пријателството кое што е за јавно добро и кое што се’ повеќе некако исчезнува преку преиспитување на идејата за просторите на слободата сега во дигиталната култура. Иако доаѓаме од сферата на културата, имаме одговорност да констатираме дека светот не се чувствува добро – во сите тие динамики на биомоќ, пи – ар дизајнирани политики и идеологии кои веќе не постојат, човекот веќе не се чувствува безбедно, туку луто, гневно и критично – и затоа е важно да се негува, артикулира и да се адресира тој процес во однос на она што реал политиката ни го нуди како концепт на слобода, демократија, заедница“, вели за Утрински брифинг, Искра Гешоска, претседателка на здружението Контрапункт.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот