ВИДЕО | Разговор со Владимир Плавевски и неговиот роман за старо Скопје и боксерот Шуро Катиљ

Романот „Боксерот од Ново маало“ на авторот Владимир Плавевски неодамна излезе од печат во издание на „Арс Либрис“. Романот ја раскажува приказната за вистински лик, боксерот Шуре Катиљ од старото Скопје. – Животот на предземјотресно Скопје е многу малку обработен во литературата, би набројал еден или двајца писатели кои само спомнуваат нешто околу старо Скопје, а мене ми беше поттик да го прераскажам сето она што сум го доживеал во детството во тоа предземјотресно Скопје, бидејќи е исклучително занимливо и предизвикува внимание кај читателите. Романот во голем дел ги обработува вистинските настани и личности. Ликот што го викаа Шуре Катиљ навистина постоеше, тое е времето пред земјотресот кога живеев во Ново маало, а на денешен ден се случи и поплавата во Скопје, изјави авторот Владимир Плавевски за Утрински брифинг.
-Животот тогаш се одвиваше доста скудно, се живееше маалски, односно владееше поговорката дека комшијата е најголем роднина, бидејќи ако имате некој проблем прв ќе помогне комшијата, односно вие нему ќе му помогнете. Во тогашно Скопје постоеја маала кадешто се живееше маалски живот, не се мешаа со другите, младите имаа свои групи или банди со свои водачи. Шуре Катиљ работеше како колач на стока во тогашната Скопска кланица и беше маалски тепач. Повеќе пати лежеше во затвор и последниот пат директорот на затворот го советувал да почне да се занимава со бокс за да не скапе во затвор. Ова Шуре го сфати сериозно, вели Плавевски.
Ме повика да му читам книги за боксот и понатаму оставам на читателите да ја откријат приказната“, вели Плавевски за Утрински брифинг. Владимир Плавевски во 2013 година, за романот „Јадица“ ја доби наградата „Роман на годината“ на Утрински весник.
Прочитајте и...  Доставени 528 амандмани за Буџетот за 2021 година

Поврзани вести

Генералниот секретар на НАТО, Столтенберг му ja честиташе победата на Бајден

Илинка Иљоска

ВИДЕО: Хаос на аеродромот во Шангај, терстирањето за ковид-19 излезе од контрола

Илинка Иљоска

ВИДЕО: Драма меѓу две членки на НАТО во водите на Средоземното Море: Анкара протестира затоа што тимот на мисијата на ЕУ претресе турски брод на пат кон Либија

Илинка Иљоска

Велешките еколошки возила ги надминуваат границите

Слободен печат

ВИДЕО: На тајна венчавка се собрале 7.000 луѓе без маски

И.И.

Ахмети: Нема загриженост дека Меџити може да поднесе интерпелација против Груби и Османи

Слободен печат

Остави Коментар