ВИДЕО | Разговор со Ивана Драгшиќ за книга која дава предлози за подобра иднина и за култура на солидарност

Деновиве од печат излезе публикацијата „Друг свет – огледи за системска трансформација на иднината“, уредена од Ивана Драгшиќ, со текстови од 9 различни автори, кои во своите текстови даваат свои предлози за похумана иднина.

„Зборникот има една основна претпоставка, а тоа е дека климатските промени веќе не се промени туку се работи за климатска катастрофа и дека во овој момент негативните последици ги чувствуваат само оние кои се социјално, економски и географски најранливи, но многу скоро ќе почнеме сите да ги чувствуваме. Претпоставката на авторите во овој зборник текстови е дека за десетина години неминовно сите ќе ги чувствуваме промените од климатската катастрофа и дека тоа ќе бидат големи социјални и економски неправди коишто веќе ни се случуваат. И личното и колективното поведение треба да претрпи големи и значајни промени, особено во позиционирањето на екологијата како политички инхерентна тема а не како нешто со кое се занимаваат дечињата во трето одделение кога го чистат училишниот двор, потоа поинакво читање и гледање на културата бидејќи таа во самиот корен значи нешто да се негува и одгледува.

Сите автори зборуваат за различен пристап во пред се’ личните, меѓутоа и колективните политики на системите на вредности кои што ги имаме поставено. Предлозите застапени во текстовите се токму тоа – трансформирање на системите на вредности и начините на кои што функционираме. Токму затоа се предлага зелена економија, здружен труд, здружен отпор итн. Иако авторите доаѓаат од различни области, кај сите провејува темата на здружувањето, културата на солидарност, соживот, но не само на луѓето од различна етничка припадност, туку на целиот жив свет“, вели за Утрински брифинг, Ивана Драгшиќ уредничка на зборникот.

Таа се осврна и на поимот култура на солидарност како пат кон менување на вредностите кај луѓето. Во публикацијата се застапени текстовите на: Вики Младенова, Симона Гетова, Мариглен Демири, Искра Гешоска, Биљана Тануроска, Иван Менкиноски, Кире Василев, Здравко Савевски и Ивана Драгшиќ. Публикацијата е издание на Плоштад Слобода, поддржана од Фондацијата Хајнрих Бел – Канцеларија за Албанија, Босна и Херцеговина и Северна Македонија.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот