ВИДЕО | Разговор со Илија Тирицовски од ОХО продукција: Потребна е посериозна поддршка на младите автори на кратки филмови

Краткиот филм во развој „Скакулци“ на младиот филмски автор Ханис Багашов ја доби првата награда на „European Short Pitch“ која ја доделува регионот Бретања. Се работи за паневропска иницијатива на Ниси Маса за поддршка на млади таленти во областа на краткиот филм. „Имавме исклучително добра презентација што понатаму ќе му ги отвори вратите на филмот и на големите европски фестивали и жирито на чело со Сара Шлусел од Берлинале талент, која ни даде целосна поддршка и ја освоивме првата награда што потоа ни резултираше и со заинтересирани копродуценти и дистрибутери. Успеавме во овој проект да вклучиме и една француска продуцентска куќа – „La Belle Affaire Productions“ и Жером Блесон, кој моментално работи на новиот филм на Вим Вендерс. Филмот е љубовна приказна на двајца тинејџери кои живеат во едно планинско место. Сите што го прочитаа сценариото рекоа дека со нетрпение чекаат да го видат филмот, а тука голема улога и филмскиот јазик на Ханис кој веќе солидно меѓународно искуство на фестивалите во Сараево и Берлин. Тој има еден сензуален филмски јазик што во оваа фаза го предизвика вниманието на филмските професионалци“, вели Илија Тирицовски извршен продуцент од ОХО продукција.
Тој додава дека европските филмски професионалци и фестивали ги препознаваат младите таленти кои почнуваат со краткометражни остварувања, но потребна е поголема поддршка и од дома затоа што има доволно простор тие да успеат на меѓународен план.
Прочитајте и...  Весник „Илинден": Македонија на географски карти во картографската збирка на Националната библиотека на Албанија
„ОХО продукција работи на неколку телевизиски проекти како „Пет +“ и ситкомот „Преспав“ но развиваме и нови серии.
Можам да ви кажам дека сега работиме на една телевизиска серија за тинејџери, која ја презентираме на филмскиот фестивал во Талин. Сериите во последните години се барани од телевизиите ширум светот, веројатно недостатокот на друга квалитетна тв програма отвара повеќе простор за сериите. Но кај нас телевизиите , а и продукциите немаат интерес за продукција на сериите, можеби финансиите се дел од причината, иако сум убеден дека и нашата македонска публика има потреба и сака да гледа наши домашни телевизиски производи“, вели Тирицовски.

Поврзани вести

ВИДЕО: Кина успешно лансираше роботизирано летало на Месечината

Слободен печат

Наскоро во земјава се очекува да пристигне лекот „Фавипиравир”

Слободен печат

Заев најави дека не сме далеку од договор со Бугарија

Слободен печат

Опозицијата не сака да слушне за онлајн гласање

Слободен печат

Почнува собраниската расправа по Предлог-буџетот за наредната година

Слободен печат

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата

Слободен печат

Остави Коментар