ВИДЕО: Расте бројот на жртвите во женската револуција во Иран, меѓу убиените има и деца

Иран протест/ Фото EPA-EFE/STR

Во бранот протести што го зафати Иран по смртта на 22-годишната девојка Махса Амини, досега загинаа најмалку 41 лице, јави денеска државната телевизија.

Протести по нејзината смрт избија во повеќето од 31 провинција во Иран, објави Ројтерс.

Државните медиуми го признаа зголемувањето на официјалниот број на загинати на 17  – вклучително и петмина безбедносни службеници, објави Тајмс оф Израел.

Сепак, Иранската организација за човекови права со седиште во Осло проценува дека најмалку 50 дисиденти се убиени во тековните протести, додека Амнести интернешнал го осуди „болниот модел на иранските безбедносни сили намерно и незаконски да пукаат со боева муниција кон демонстрантите“.

Групата соопшти дека прегледала видео снимка што докажува дека „само ноќта на 21 септември, најмалку 19 лица, меѓу кои најмалку три деца, биле убиени во пукање од страна на безбедносните сили“.

Во саботата – еден ден откако провладините демонстранти излегоа на улиците барајќи егзекуции за оние кои протестираа против смртта на Амини – студентите на Универзитетот во Техеран се собраа и пркосно извикуваа „Смрт за диктаторот“, според видеото објавено од Центарот за човекови права во Иран.

Протестите се проширија преку границата во соседен Ирак во саботата, каде што иранските Курди во егзил, многумина носеа постери на Махса Амини, извикуваа „Жени, живот, слобода“ на демонстрациите пред базата на Обединетите нации во северниот град Ербил.

– Ние не сме против религијата и не сме против исламот“, рече демонстрантот Мејсон Маџиди. – Сакаме религијата да се одвои од политиката.

Во меѓувреме протести беа организирани и во Европа и САД.

Иранскиот претседател Ибрахим Раиси вчера изјави дека Иран мора „одлучно да се справи со оние кои ја поткопуваат безбедноста и мирот на земјата“, пренесува Ројтерс повикувајќи се на извештај на иранските државни медиуми.

Раиси ова го изјави за време на телефонски разговор, во кој изрази сочувство до семејството на припадникот на безбедносните сили кој беше убиен на протест минатата недела.

Раиси рече дека провладините демонстрации во Иран ја покажале целосната моќ на Исламската Република, а Ројтерс објави дека провладините демонстранти повикале на егзекуција на луѓето кои протестирале против режимот откако 22-годишна девојка починала, велат тие, од тортура од таканаречената полиција за морал.

Амини, девојка од иранската провинција Курдистан, падна во кома и почина откако беше уапсена од моралната полиција во Техеран минатата недела поради непочитување на правилата за хиџаб, што предизвика демонстрации во неколку области, вклучувајќи го и главниот град.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот