ВИДЕО: Расте бројот на жртви во големата експлозија во Словенија

Фото: Јутјуб/принтскрин

Во денешната експлозија и пожар во фабриката „Меламин” во словенечкиот град Кочевје, најверојатно загинале сите пет лица, кои се сметаа за исчезнати, а шестмина се повредени, соопшти менаџментот на компанијата.

Директорот на компанијата Сречко Штефаниќ изјави дека шансите за преживување на петмината исчезнати се „речиси непостоечки” поради јачината на експлозијата, пренесува словенечката агенција СТА.

Од шестемина повредени, двајца се со тешки изгореници и се во животна опасност.

Властите првично соопштија дека се повредени 10 лица, а потоа 20, но подоцна потврдија дека бројот е помал.

Експлозијата одекна околу 8.30 часот во гратчето со 8.000 жители, на кои веднаш им беше препорачано да ги затворат прозорците и да не излегуваат надвор.

Надлежните велат дека нема опасност за животната средина.

Во тек е истрага за причината за експлозијата, а се претпоставува дека е последица на човечка грешка, поточно на еден од вработените.

Фабриката „Меламин” е основана во 1954 година и вработува околу 200 работници, а името го носи по хемикалијата што ја произведува, наменета за покривање на подови и мебел.

https://www.youtube.com/shorts/0OG1f_Gixno

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот