ВИДЕО: Расте бројот на странски туристи, најмногу од Турција, Србија и Полска

Туристи во Скопје / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Природните убавини и културни знаменитости на Македонија само во јули годинава ги посетиле 169.449 туристи. Од нив 54 проценти се домашни, а 46 проценти се странски туристи, според Државниот завод за статистика.

Најмногу туристи во земјава во јули пристигнале од Турција – 12.841, па Србија – 9.393, од Полска 5.412, од Германија, 3.698, потоа од САД 2.721, Бугарија – 2.286, Словенија – 2.099, како и 1.828 од соседна Грција.

Најголем дел од туристите во јули летувале во езерските места – над 105 илјади, додека Скопје го посетиле над 36 000 туристи, покажува статистиката.

Вкупно во јули се реализирани 700.629 ноќевања, од кои 74,3 проценти се од домашните туристи, а 25,7 проценти од странските.

Хотелско сместување користеле 99.000, а над 56.000 се сместиле во куќи, станови за одмор и соби за издавање.

Колку за споредба, во првите седум месеци од минатата година вкупно се регистрирани 317.713 туристи кои оствариле 1.034.645 ноќевања.

Статистиката покажува дека во периодот јануари – јули годинава во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 53,3 проценти, при што кај домашните туристи има зголемување за 13,7 проценти, а кај странските зголемувањето е за 109,9 проценти.

Кај ноќевањата во периодот јануари – јули годинава во однос на истиот период од претходната година, има зголемување за 34,6 проценти, кај домашните за 9,8 проценти, а кај странските зголемувањето е за 95,9 проценти.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот