ВИДЕО | Рангеловиќ: Неминовни се инфлација и ценовен шок во светски рамки, а тоа е вон наша контрола и е неминовно

Иво Рангеловиќ, политиколог / Утрински брифинг

Со политикологот Иво Рангеловиќ во денешен „Утрински брифинг“ разговаравме за економските теми од европскиот извештај. Ние сме држава со најмногу позитивни извештаи, но со низа критики за реформите и сѐ уште не ги отпочнуваме преговорите.

– Во делот на економијата секогаш сме имале и ќе имаме проблеми. Но, тука е и кризата со ковид која сѐ поремети. Во делот на економијата се споменува и корупцијата. Ако не се фокусираме на корупцијата како суштествен дел од економијата не можеме понатаму. Но, во сета таа магла од случувања тешко е да види кој е виновен, но мислам дека корупцијата има голема вина за нашата состојба со економијата, вели Рангеловиќ.

Корупцијата е врзана со правосудниот систем, па се вртиме во круг. Се предложи и нов закон за јавната и локалната администрација. Дали ЕУ се осврнува на даноците или правата на работниците?

– Во јавната администрација проблем е превработеноста и неефикасноста. Македонија има многу малку луѓе и фирми и тешко оди наплатата оти секој со секого се познава. Даночната реформа не е само нејзино донесување, туку нејзиното спроведување.  Кога ќе дојдеме до ќорсокак ќе се јави ММФ и ќе наложи мерки што владата треба да ги спроведе, а тешко на таа влада, коментира Рангеловиќ за „Утрински брифинг“.

– Фискалната политика, па и монетарната, се поврзани со идеологијата. Со фискалната политика имаме добри насоки, релативно добра е и стабилна. Само треба да вложиме напор да ја надминеме ковид кризата. Треба да ја поттикнеме и закрепнеме економијата во приватниот сектор, вели Рангеловиќ за Утрински брифинг.

Има насоки од ЕК дека треба владата да се фокусира на помош на домаќинствата, но и на задолженоста на земјата.

– Не е земено предвид дека ќе следува инфлација и ценовен шок зависно од цените на берзите и е вон наша контрола, а е неминовно. ЕК не ни нуди решенија, ние треба да дојдеме до решенија со помош на нашите експерти, а ЕК само изнесува критики и забелешки. Треба да имаме стратегија како ќе постапиме од јануари па натаму. Сѐ што правиме правиме за нас, не за ЕУ, коментира Рангеловиќ.

– Превработувањето во јавната администрација има нагорна линија и таа политика треба да се деконструира, но не очекувам дека набргу ќе се случи тоа. Но, кога ќе дојдеме до ситуација на апсурд ќе интервенираат светските економски механизми, вели Рангеловиќ за „Утрински брифинг“.

Целиот разговор проследете го во видеото во продолжение:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот