ВИДЕО | Рангеловиќ: Тотална демократизација и избор на раководствата на партиите на непосредни избори

Фото: Архива

Вчерашните избори во СДСМ беа еден нов стандард во политиката во Македонија и се надевам дека и останатите партии ќе го следат во иднина, изјави во Утрински брифинг политикологот Иво Рангеловиќ.

-Јас би отишол чекор понапред и би ги повикал и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да покренат непосредни избори за раководството на тие партии да влеземе во една тотална демократизација на партиите и да го искористат својот демократски потенцијал, вели Рангеловиќ.

-Ќе треба да почекаме дали ќе има суштински промени во раководстото на СДСМ, бидејќи се поизвесно е дека во владиниот состав и нема да има некои посериозни промени. Одговорноста би се зацврстила со континуирано менување на раководството. И двете партии имаат индивидуалци кои некако ги влече на една траса – континуирано гледаме исти ликови на политичката сцена. Мислам дека е потребно потемелно расчистување. Очекувам, похрабар пристап во промената на раководствата. Јас ова што го гледам деновиве и ВМРО-ДПМНЕ најавува проширување на своите капацитети, но треба да видиме суштинска промена во највисоките ешалони на партиите, смета Рангеловиќ.

Во една објективна политичка косталација ВМРО-ДПМНЕ е во незавидна ситуација. Од една страна имате лидер и тим околу него кој се испостави дека е недоволно капацитетен да го симне Заев и СДСМ од власт, а од друга стра она фрагметно крило на партијата која го иницира конгресот за смена на лидерот е потрошен материјал. Значи мора да се бара некоја стратешка компонента во ова. Вака како што е поставена работата – дали ќе успее конгресот во полза на иницијаторите или ќе остане сегашниот тим сметам дека и двете варијанти и тоа како му одговораат на СДСМ, вели Рангеловиќ.

Секоја политичка партија си има своја политика, но промената треба да тргне од индивидуалците. Најпрво би можеле да се оградат од се она што било во минатото. Кај опозицијата е нужно и опипливо ова извинување.

Менталтиетот на политичарите во Македониај е во правец на тоа дека ги гледаат партитие како друштва со неограничена одговорност. Имате политичари во Македонија чија професионална кариера е прво нивно работно место. Се разбира како и сопствениот живот да зависи од партијата, затоа е и ваквото агресивно однесување, смета Рангеловиќ.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот