ВИДЕО | Рамос: Ова не е збогум, Реал секогаш ќе биде во моето срце!

Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Клупската легенда Серхио Рамос денеска официјално се простува од Реал Мадрид. На прес-конференцијата зборуваа претседателот на клубот, Флорентино Перез и сега веќе поранешниот капитен на екипата.

Во текот на вчерашниот ден беше објавено дека шпанскиот дефанзивец ќе го напушти Реал со кој имаше бројни трофеи во кариерата.

– Ова е чин полн со чувства за сите фанови на Реал, вклучувајќи ме и мене. Денеска не е лесен ден. Сето тоа е приврзаност и наклонетост. Нема да заборавам кога тој пристигна тука пред 16 години. Ти благодарам за сè што направи за овој клуб – рече првиот човек на „кралевите“, Перез.

Фудбалерот пушти солзи во својот говор, им се заблагодари на сите, особено на клубот.


– Сакам да им се заблагодарам на претседателот, тренерите, соиграчите, клупските работници. Јас сум тука многу години. Невозможно е да не се возбудам. Благодарен сум на Реал Мадрид, секогаш ќе го носам во срце. Би сакал пред навивачите да се збогувам со Реал Мадрид на „Бернабеу“. Ова не е збогум. Порано или подоцна, ќе се вратам – беа зборовите на Рамос.

Рамос дојде во Мадрид од Севиља во 2005 година и освои 22 трофеи со Реал Мадрид – пет во „Ла Лига“, два во „Кралскиот куп“, по четири во Лигата на шампионите, Светското клупско првенство и Суперкуп на Шпанија и три во Суперкупот на Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот