ВИДЕО | Рамчиловиќ: Која е поентата да се урне влада, а да не може да се направи нова?

Зеќир Рамчиловиќ, независен пратеник / Утрински брифинг

Дали ќе се изгласа недоверба на влада и какви се предвидувањата за исходот на парламентарната седница во четврток, како и за она што денес се случува во Собранието, какви се мислењата на пратениците, во Утрински брифинг разговаравме со независниот пратеник Зеќир Рамчиловиќ.

-Ситуацијата е доста неизвесна и она што ги загрижува најголемиот дел од пратениците е дека ваквата ситуација е лоша за државата. Ова ни најмалку не ни е потребно и верувам дека на прво место ќе дојде интегритетот на пратениците и дека ќе ја стават државата на прво место. Кога се нема предвиливост е лоша ситуација, вели Зеќир Рамчиловиќ, независен пратеник.

Пресврти се случуват од час во час, неколку пати на ден, со дијаметралено спротивни изјави на пратениците и партиите.

-Без оглед што е собрано мнозинство што ќе изгласа недоверба на влада, тоа е мнозинство кое никако не може да се залепи и да формира влада. Ако главна цел е самото рушење влада тогаш која е нашата поента? Тоа е неизвесност, оти никој не кажува што понатаму и никој не е свесен што е интересот на граѓаните, вели Рамчиловиќ и додава дека вака не работат сериозни партии на кои државата им е главна цел.

Рамчиловиќ вели дека има сериозни разлики помеѓу политичките партии кои сакаат да ја урнат владата и дека е нелогично партии кои имаат различни видувања како што е членството во НАТО, Преспанскиот договор и слично да успеат да формираат стабилна и функционална влада.

-Не верувам дека ќе дојде до изгласување на пад на владата и дека утре ќе има 61 пратеник што ќе гласа за тоа, вели Рамчиловиќ.

Тој додава дека оптимизам влева тоа што премиерот Зоран Заев сепак ќе остане на функција, како што инсистираа од неговата патија, затоа што е битно за државата да се справи со актуелните кризи со кои се соочува нашата држава.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот