ВИДЕО | Рама: Војската на Србија на границата со Косово има моќ еднаква на нула

Еди Рама/ Фото EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Албанскиот премиер Еди Рама вели дека распоредувањето на единиците на српската армија на административната граница со Косово е прашање на внатрешна политика и политичко претставување на Белград.

Тој во Братислава на панел посветен на балканските прашања, додаде дека српската армија „има нула моќ на границата со Косово“.

„Тоа е како мексиканската армија да се појави на американската граница. Што можат да прават? Ништо!“, рече Рама, наведувајќи притоа дека „многу го почитува Мексико“.

Рама додаде дека голем дел од она што се случува на северот на Косово е поврзано со внатрешната политика. Тој рече дека единствено решение за ситуацијата во Косово е спроведувањето на договорот за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот