ВИДЕО: Рама: ЕУ сè уште не е во можност да дистрибуира по една кутија до сите земји во регионот

 Албанскиот премиер Еди Рама и понатаму не ги штеди своите критики кон Европската унија кога станува збор за вакцината против ковид-19.

Рама рече дека нема да биде изненадување доколку Албанија, како и Северна Македонија, го сврти погледот кон кинеската вакцина, во време кога ЕУ нема одговор за земјите од западен Балкан.

Според него ако тоа се случи, ќе биде тешко за ЕУ, која „можеше да сподели по некој пакет за земјите од Балканот”.

-Ние бевме од почеток и ја следиме границите каде се чувствуваме дека сме дел и сакаме да се интегрираме – ЕУ. Во актуелните услови сметам дека се наоѓаме во позиција да се чувствуваме дека сме ја изгубиле шансата или времето. Секако дека можеме да го направиме овој хаос, можеби и во секунда, но не би сакал да го сторам тоа, тоа би било претешко за ЕУ, рече Рама.

Додаде дека за него е многу тешко е што Северна Македонија била принудена да се сврти кон Кина за да ја набави вакцина и оти тоа било тешко и за ЕУ.

-За мене е многу тешко што Северна Македонија беше принудена да се сврти кон Кина за да набави вакцина. Беше тешко и за ЕУ.Исто како што на ЕУ и е тешко што Србија е подготвена да достави 4.000 вакцини во Македонија, а ЕУ сè уште не е во можност да дистрибуира по една кутија до сите земји во регионот. Не ме терај да зборувам повеќе, директному се обрат Рама на новнарот, кој го праша дали и Албанја ќе набави кинеска вакцина.

На повторените обвинувања на Рама упатени до ЕУ, реагираше опозицската Демократска партија, на Љуљзим Баша, оценувајќи дека „е обид да ја отргне од себе вината, обид што нема да го спаси на 25 април да си оди дома”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот