ВИДЕО | Ракетен напад на аеродромот во Ирак: Експлозија во близина на американската база

Вечерва беше извршен ракетен напад во близина на американската база на аеродромот Ербил во северниот дел од Ирак, наведоа курдските безбедносни сили, но не истакнаа дали во нападот имало жртви, пренесува Ројтерс.

Сведоците рекле дека виделе како се крева облак од чад од тоа подрачје.

На социјалните мрежи излегоа снимки од нападот, како и пристигнувањето на итните служби на местото.

Американската воена база во близина на меѓународниот аеродром Ербил во февруари исто така беше мета на напад.

Извор: Блиц.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот