ВИДЕО: Рајо Ваљекано во трка за ЛШ, мрежата на Димитриевски мируваше по осми пат во „Ла Лига“

Нова победа за екипата на Рајо Ваљекано во најсилното шпанско првенство, остварена на домашен терен против Алмерија со резултат 2:0.
По осми пат сезонава во „Ла Лига“ мируваше мрежата на македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски.
Претходно тоа се случи на натпреварите против Барселона (0:0), Еспањол (2:0), Хетафе (0:0), Севиља (1:0), Селта Виго (0:0), Реал Ваљадолид (1:0) и Виљареал (1:0).
Во денешната победа на Рајо Ваљекано Ели си постигна автогол во 54 минута, а конечниот епилог го постави Гарсија во 63 минута по асистенцијата на Палазон.
На табелата составот на Ираола по деветтата победа во шампионатот е на петтата позиција со 32 бодови и повторно е во трка за едно од местата кои водат во групите на Лигата на шампионите следната сезона. По 20 кола, води Барселона со 53 бодови, пред Реал Мадрид кој има 45, третопласиран е Реал Сосиедад (39), а на четвртото место е Атлетико Мадрид (35).