ВИДЕО | Рајчановски: Не веруваме дека ќе почне бесплатниот автобуски превоз пред да се решат проблемите во такси превозот

Сашо Рајчановски претседател на авто такси превозници на Град Скопје
Сашо Рајчановски претседател на авто такси превозници на Град Скопје / Утрински брифинг

Најавата за бесплатен автобуски превоз од страна на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска наиде на воодушевување од страна на граѓаните, но истата ги разочара и побуди голема загриженост кај таски превозниците.

Велат кој ќе користи такси услуги доколку се воведе бесплатен автобуски превоз и сметаат дека доколку дојде до ова ќе биде загрозена нивната егзистенција.

Доколку сепак дојде до тоа нјавуваат протести. На оваа тема во Утрински брифинг разговаравме со Сашо Рајчановски претседател на авто такси превозници на Град Скопје.

-Бесплатниот автобуски превоз сметаме дека нема да направи загуба во такси превозот. Имаме искуство од времето кога бесплатно се возеа пензионери, ученици и студенти. И тогаш се возеа 5.000 таксисти место 2.500, вели тој.

-Доколку се искорени нелојалната конкуренција, доколку нема диви таксисти, доколку има такси станици кај што има фреквенција на граѓаните.

-Со Арсовска договоривме да се сретнеме и заедно ќе ги решиме сите проблеми во интерес на граѓаните. Затоа преуранети се изјавите за штрајк. Не веруваме дека ќе почне бесплатниот автобуски превоз пред да се решат проблемите во такси превозот, вели Рајчановски.

Проследетете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот