ВИДЕО | Рафиња и Левандовски стрелаа за победа на Барса и „плус осум“ на врвот

Фото: EPA-EFE/Julio Munoz

Во натпреварот од 17-тото коло Барселона вечерва славеше победа против Бетис на гостински терен со 1:2.

Ова беше натпревар во кој се што беше интересно се случи во второто полувреме. Во првите 45 минути од натпреварот не видовме удар во рамките од голот на ниту една страна. Барселона од единствената посериозна прилика во првиот дел постигна гол преку Рафиња, но истиот беше оправдано поништен поради недозволена позиција.

Ако тогаш имаш офсајд, немаше во 65 минута, а во главна улога одново беше Рафиња кој погоди по асистенцијата од Балде. На десет минути пред крајот Роберт Левандовски постигна гол за 0:2 и така ја најави победата на Каталонците.

Конечните 1:2 беа поставени со автоголот на Кунде пет минути подоцна. Барселона со овој триумф е на „плус осум“ од Реал Мадрид кој има натпревар помалку.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот