ВИДЕО | Радев: Крим во моментов е руски. Герџиков: Крим е окупиран од Русија

Румен Радев и Анастас Герџиков
Румен Радев и Анастас Герџиков / Фото: МИА

За време на вечерашната дебата на јавната телевизија БНТ, во пресрет на вториот круг од претседателските избори во Бугарија, двајцата претседателски кандидати Румен Радев и Анастас Герџиков во делот за надворешна политика се осврнаа на темата Русија и нивниот однос кон рускиот окупиран полуостров Крим.

Радев кажа дека Русија не може да биде модел за развој на Бугарија, но не може да биде и нејзин непријател, бидејќи е нејзин ослободител. Герџиков, пак, кажа дека Крим е украински и не е важно какво знаме се вее, бидејќи секогаш кога една земја анексира друга територија, таа го поставува своето знаме. Од овие причини Герџиков го праша Радев чиј е Крим, на што актуелниот претседател одговори „Крим во моментов е руски, чиј е?“.

Коментирајќи го шпионскиот скандал од пролетва во Бугарија, Радев оцени дека тој е крајно сложен, но „моравме да се запрашаме зошто е пробиен бугарскиот систем за класифицирани информации на пет државни службеници на клучни позиции во државниот систем”, префрлајќи ја вината на власта на Бојко Борисов.

Герџиков, од своја страна, рече дека ја почитува руската култура, но Бугарија не треба да толерира став сличен на Белорусија, да ја смета за половина руска територија, а тоа не може да продолжи.

На прашањето на модераторот на дебатата дали кога би бил претседател би поддржал укинување на санкциите од страна на Русија во Европскиот совет, Герџиков кажа дека тоа може да се случи доколку има доволно големо мнозинство во ЕУ и доколку нема кршење на човековите права во земјата.

На истата тема Радев коментираше дека санкциите воведени кон Русија како резултат на Крим не функционираат и дека овие санкции немаат ефект.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот