ВИДЕО | Раде Шербеџија: Зошто луѓето сакаат да војуваат, да убиваат кога сè поминува толку брзо?

раде шербеџија
Раде Шербеџија / Фото: Принтскрин/Фејсбук

Раде Шербеџија пред неколку дена објави видео во кое зборува за минливоста на животот и желбата на луѓето да мразат, да војуваат и да убиваат. Неговиот неколкуминутен говор заврши со стихови на големиот хрватски поет Тин Уевиќ и на сите им порача дека треба да сакаат.

Раде седи покрај прозорецот во станот во Риека кој неодамна неговата сопруга го продаде, и зборува за тоа како тоа му е омиленото место, дека најчесто пишува таму, гледајќи го театарот преку улица и размислувајќи за многу работи.

„Вчера Ленка го продаде нашиот стан во Риека. Вчера беше 2 февруари 2022 година – важен ден, еден во илјада години, како што веројатно бил 1 јануари 1111 година. Размислувам како минуваат деновите и што ќе се случи во 2222 година. Кои имиња од денешниот свет што ги знаеме, кои се звучни, познати, ќе преживеат“, вели тој, прашувајќи се кого ќе паметат луѓето, велејќи дека сè поминува толку брзо.

раде шербеџија
Раде Шербеџија / Фото: Принтскрин/Фејсбук

„Се прашувам зошто луѓето тогаш сакаат да градат, да киднапираат, да имаат, да бидат агресивни, да мразат, да војуваат, да убиваат кога сè ќе помине толку брзо?“, рече тој.

Целото видео можете да го видите овде:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот