Путин во прва посета на линијата на фронтот во Курск / 12 март 2025 година / фото: Јутјуб

ВИДЕО: Путин за првпат дојде на фронтот во Курск, се појави во маскирна униформа

Рускиот претседател Владимир Путин денеска пристигна во Курск, каде што се сретна со руски војници, пред кои предложи создавање безбедносна зона долж државната граница во Курската област. Путин му се заблагодари на военото раководство за сѐ што направило во областа, од која украинската војска освои значајни делови од август лани наваму.

Првата посета на Путин на линијата на фронтот во рускиот регион од пробивот на украинските сили, доаѓа откако денеска руската војска ја презеде контролата врз поголемиот дел од Курск и околината, по повлекувањето на украинската армија, кое веројатно е поврзано со преговорите за прекин на огнот под покровителство на САД.

Путин пред војниците рече дека треба да го „победат непријателот“ во областа Курск и целосно да го ослободат рускиот регион, додавајќи дека непријателските војници заробени во Курск ќе бидат третирани како терористи.

Рускиот заменик-министер за одбрана Валериј Герасимов изјавил дека Русија ослободила повеќе од 1.100 квадратни километри во областа Курск и нагласи дека „плановите на Киев во таа област пропаднале“.

„Украинските сили се опколени во областа Курск“, рече Герасимов додавајќи дека украинската армија претрпела големи загуби и дека руските сили влегле во пограничниот украински регион Суми.

Украинските вооружени сили ја преминаа руско-украинската граница и почнаа воени операции на територијата на руската Курска област на 6 август минатата година.

Русите го освојуваат Курск, Украинците се повлекуваат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот