ВИДЕО| Путин во ненадејна посета на Мариупол: Возеше автомобил низ улиците на разурнатиот град

принтскрин твитер

Рускиот претседател Владимир Путин дојде во ненајавена посета на Мариупол, што е негово прво патување во Донбас од почетокот на војната во Украина.

Путин синоќа со хеликоптер пристигна во Мариупол, возеше автомобил низ градските улици, застанувајќи на неколку локации, јавуваат руските медиуми.

Посетата на Путин на Мариупол следи по турнејата на Крим на деветгодишнината од анексијата.

Со пристигнувањето во Мариупол, Путин се доближи најблиску до првите линии од фронтот од почетокот на рускиот напад врз Украина која започна пред повеќе од една година.

Рускиот вицепремиер Марат Хуснулин на рускиот лидер му предаде детален извештај за работите за обнова на градот и неговата периферија.

Меѓународниот кривичен суд во петокот издаде налог за апсење на Путин, обвинувајќи го за воено злосторство илегално депортирање на стотици деца од Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот