ВИДЕО: Путин повторно заигра хокеј и тоа на првиот Ол-стар турнир од почетокот на пандемијата

Путин игра хокеј/ Фото: EPA-EFE/ALEXEI DRUZHININ/SPUTNIK/KREMLIN / POOL MANDATORY CREDIT

Рускиот претседател Владимир Путин, постигна осум голови на хокеарскиот Ол-стар натпревар кој се играше вчера.

Путин беше дел од Ол-стар натпреварот кој го организира аматерската хокеарска лига и се одигра во Сочи. Лигата е основана во 2011 година и во неа играат поранешни хокеарски ѕвезди, бизнисмени и руски политичари кои го сакаат хокејот.

Путин речиси редовно е дел од ваквите настани, а последен пат на Ол-стар натпреварот учествуваше во 2019 година кога постигна осум гола.
Дел од учесниците на вчерачниот натпревар беа и рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу како и дел од пензионираните хокеарски ѕвезди. На крајот, натпреварот заврши 13:9 за тимот на рускиот претседател.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот