ВИДЕО | Путин ненадејно го посети Крим по вчерашниот налог за негово апсење

Владимир Путин
Владимир Путин / Фото: EPA-EFE/ALEXEY MAISHEV

Рускиот претседател Владимир Путин денеска го посети Крим за да ја одбележи деветгодишнината од анексијата. Имено, овој регион беше анектиран од Кремљ во 2014 година.

Како што објави РИА, Путин посетил уметничко училиште и детски центар во Севастопол. Овие локации биле избрани како своевиден одговор на налогот за апсење на Путин, кој вчера беше издаден од Меѓународниот кривичен суд во Хаг. Во потерницата, Путин е обвинет дека е одговорен за учество во киднапирање на украински деца и нивно одведување во Русија.

Путин отпатувал со авион од Москва до Севастопол, најголемиот град на Крим. Потоа, тој бил префрлен со автомобил на неколку локации во градот. Освен уметничко училиште и детски центар, Путин посетил и археолошки локалитет во близина на остатоците од античкиот грчки град Херсонсос. Како што изјави прорускиот гувернер на Крим Михаил Развожајев, се работи за ненадејна посета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот