ВИДЕО| Путин ја продолжи традицијата на Водици: Се капеше во замрзнато езеро близу Москва

Фото: Принтскрин

По повод празникот Бојавление-Водици, рускиот претседател Владимир Путин ја продолжи традицијата, со тоа што тој и оваа година се капеше во замрзнато езеро во близина на Москва на температура од околу 20 степени Целзиусови под нулата. 

68-годишниот руски претседател влезе во ледената езерска вода во отворот направен во форма на крст и се капеше во малото езерце.

Според снимките кои ги објави Кремљ, се гледа како рускиот претседател и годинава го одбележа Хртистовото крштевање во реката Јордан.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за медиумите изјави дека станува збор за традиција а дека претседателот не сака да ги менува традициите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот