ВИДЕО | Путин: Избегната е еколошка катастрофа, но се уште е рано за опуштање
Претседателот на Русија, Владимир Путин изјави дека е избегната еколошка катастрофа од големи размери во градот Усоље-Сибирскоје. Меѓутоа, тој предупредил дека се уште е рано за опуштање.
Путин рекол дека најопасните предмети се локализирани и отстранети, при што е спречено ширење на токсични материи и ширење на хемикалии во водните патишта.
„Ни случајно не смееме да се опуштиме“, нагласил Путин за време на состанокот на кој се разговарало за напредокот во соочување со еколошката штета во Иркутск.
Путин – о работе в Усолье-Сибирском: Локализованы и ликвидированы самые опасные объекты. Предотвращено расползание токсичного пятна и попадание химикатов в водные артерии. Последствия могли быть просто непредсказуемыми! По сути удалось предотвратить риск экологической катастрофы. pic.twitter.com/QhMW4rbkG1
— Дмитрий Смирнов (@dimsmirnov175) November 26, 2020
Рускиот претседател истакнал дека ги добил на увид документите во кои се наведува дека бариерите кои ги поставила државната корпорација „Росатом“ спречиле токсичните материи да дојдат до реката.
Путин нагласил дека ситуацијата е многу сериозна, но дека е отстранета непосредната закана по животот и здравјето на оние кои живеат во подрачјето.
Во градот Усоље-Сибирскоје живеат повеќе од 76.000 луѓе, а во тоа подрачје е на сила вонредна ситуација од 2018 година. Градот се наоѓа на 77 километри од административниот центар Иркутск.