ВИДЕО: Пулишиќ е херојот на Челси, во финишот го урна Вест хем

Петти гол за Кристијан Пулишиќ („Челси“) сезонава во Премиер лигата/Лондон, Британија/24 април 2022/Фото: EPA-EFE/VINCENT MIGNOTT

Фудбалерите на Челси победија на домашен терен во лондонското дерби против Вест Хем со 1:0, во натпреварот од 34 коло од Премиер лигата. Стрелец на единствениот гол беше Кристијан Пулишиќ во 90 минута.

Претходно, Челси можеше да поведе во 87 минута, но голманот на Вест Хем, Лукас Фабиански го одбрани пеналот кој го изведе Жоржињо. „Чеканите“ го завршија мечот со 10 играчи, бидејќи Крег Досон во 86 минута доби црвен картон поради прекршокот во казнетиот простор.

Челзи ја постигна 19 победа сезоава и е трет на табелата со 65 бодови, пет бода повеќе, но и натпревар помалку од четвртопласираниот Арсенал. Вест Хем е седми на табелата со 52 бода.

Претходно Брајтон и Саутемптон ремизираа 2:2, додека играчите на Барнли на домашен терен го победија Вулверхемптон со 1:0. Стрелец на единствениот гол беше Матеј Видра во 62 минута.

Барнли освои важни бодови во борбата за опстанок, по втората последователна победа, вкупно шеста во лигата, го зазема 17. место на табелата со 31 бод и има два бода повеќе, но и два натпревари повеќе од Евертон, кој е прв во зона за испаѓање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот