ВИДЕО: Пукање во американски трговски центар на „црниот петок“, тројца луѓе се ранети

Фото: Fox News

Попладнево по локално време е евакуиран трговскиот центар „Парк Плаза Мол“ во градот Литл Рок во американската држава Арканзас, откако се случил инцидент со пукање во преполниот трговски центар на „црниот петок“. Според досегашните информации, тројца луѓе се повредени во инцидентот.

Полицијата соопшти дека во моментов нема активно пукање.

Надлежните претходно соопштија дека реагирале на повик за „активен напаѓач“, но и дека досега никој не е уапсен.

Според првичните информации, двајца луѓе кои се познавале, се пресметувале со пиштоли во продавница во молот. Ранетите не се во животна опасност, објави локалниот огранок на мрежата „НБЦ“.

На местото има голем број полицајци и возила на итните служби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот